Концерт 10478570_864844900210205_2620058736778446824_n

9 јули, 2014

Каролина со летна турнеја „Смеј ми се смеј“

По комплетно распродадените шест концерти во Македонската опера и балет, Каролина продолжува да го промовира новиот етно албум „Македонско девојче 2“, а во рамките на нејзината летна турнеја „Смеј ми се смеј“, пејачката ќе одржи два концерта во античкиот театар Хераклеја во родната Битола (на 24 и 26 јули), во античкиот театар во Охрид ќе настапи на 25 јули, а за големиот празник Илинден (2 август) Каролина за прв пат ќе запее во Дојран.

Покрај овие концерти, проектот „Македонско девојче“ веројатно ќе доживее уште еден концерт во Скопје, а наесен ќе се објават и деталите околу издавањето на албумот во земјите од поранешна Југославија. Билети за претстојните концерти во Битола можете да најдете овде, за Охрид овде, а за Дојран овде.

 



Врати се горе ↑