Концерт

14 април, 2018

Каролина со „Извор“ на промотивна турнеја низ Македонија

После седумте концерти во Скопје, еден во Охрид и два во Битола, Каролина ја продолжува промотивната турнеја за новиот албум „Извор“ и во други градови низ Македонија. Имено, во периодот од крајот на овој и почетокот на следниот месец, пејачката ќе одржи пет концерти во Тетово, Гостивар, Куманово, Штип и во Струмица.

Исто како и на веќе одржаните концерти, Каролина и нејзиниот бенд ќе ги изведат песните од новиот албум, како и најубавите теми од проектот „Македонско девојче“. Влезниците по цена од 450 денари се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com. Локациите и датумите за претстојните концерти се следните: 

21 април – Дом на култура „Иљо Антевски- Смок“ – Тетово
24 април – Дом на култура „АСНОМ“ – Гостивар
6 мај – Центар за култура „Трајко Прокопиев“  – Куманово
7 мај – Дом на култура „Ацо Шопов“ – Штип
10 мај – Дом на култура „Антон Панов“ – Струмица



Врати се горе ↑