Концерт

10 јули, 2018

Каролина со големи концерти во античките театри во Охрид и Битола

После мошне успешната промотивна турнеја за албумот „Извор“, Каролина се подготвува за уште два големи концерти, овој пат во античките театри во Охрид и Битола. Првиот е закажан нејзиниот роден град, во античкиот театар Хераклеја Линкестис на 10 август, а веќе следниот ден, на 11 август, десетте песни од „Извор“ и најубавите од проектот „Македонско девојче“ ќе прозвучат и на античкиот театар во Охрид.

Фотографија на Karolina Goceva.

Влезниците за битолскиот концерт се по цена од 400 денари, а за охридскиот чинат 500 и 800 денари. Истите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Фотографија на Karolina Goceva.



Врати се горе ↑