Концерт 10305612_798085156899288_664656145835214006_n

28 октомври, 2014

Каролина со голем концерт на 13 декември во „Борис Трајковски“

Големо скопско затворање на проектот „Македонско девојче“

„Авалон продукција“ со големо задоволство го најавува големото затворање на најуникатниот македонски проект во изминативе 10 тина години –„Македонско девојче“, со концертот на Каролина кој ќе се случи на 13 декемви во арената „Борис Трајковски“.

После распродадените 6 (шест) последователни концерти во Македонската Опера и Балет и распродадените концерти во Крушево, Македонска Каменица, Битола, Охрид …. проектот пред да се рашири надвор од Македонија се враќа во Скопје каде финално ќе биде затворен на 13 декември со голем концерт во Борис Трајковски. На овој концерт Каролина ќе ги изведе повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“ заедно … еден различен концепт од концептот виден во Македонската Опера и Балет во февруари оваа година.

Салата Борис Трајковски за таа пригода ќе биде специјално адаптирана во комплетно седечка формација во која и во партерот сите места ќе бидат за седење. Влезниците со основна цена од 600 денари ќе бидат пуштени во продажба од 10 ноември преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСè, Розе – Веро 2, Камарад, Скопје Сити Мол, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Важно: Со секоја купена влезница подарок ДВД од антологиските концерти во Македонска Опера и Балет.

 



Врати се горе ↑