Концерт 14753_10200248536204674_694534814_n

27 јули, 2013

Каролина со акустичен концерт во Битола

По првиот акустичен концерт во нејзината кариера кој се одржа на 22-ри декември во Универзалната сала во Скопје, Каролина Гочева за прв пат ќе се претстави во акустична варијанта и пред своите сограѓани во родната Битола. Минатата година пејачката ја претстави албумската компилација насловена „Најубави песни“, а меѓу 16-те песни се најдоа нејзините хитови од претходните изданија, како и новите песни „Лејди Годајва“  и „Остани“.

Битолчани ќе уживаат во акустичниот концерт  на 28-ми јули во Хераклеја со почеток од 21 часот. Влезниците чинат 200 денари и веќе се пуштени во продажба преку билет сервисот Купи карти за сè, а во Битола можат да се набават во музичките продавници, „Loudnes“ и „Energy“ и кафе баровите Симбол и База.

 



Врати се горе ↑