Македонија karolina-koncerti

4 декември, 2013

Каролина со 5 концерти ќе го промовира „Македонско девојче 2“

Веќе е познато дека Каролина го подготвува второто продолжение од познатиот албум „Македонско девојче“, а деновиве на нејзината официјална фан страница на Фејсбук беше најавена и концертната промоција на новото издание кое ќе биде пуштено во продажба од 25-ти февруари следната година. Имено, Каролина ќе го претстави новиот материјал со 5 концерти кои ќе се одржат од 20-24 февруари во Македонската опера и балет.

Првите примероци од новиот албум ќе ги добијат посетителите на 5-те концерти, кога со секоја купена влезница ќе добијат еден примерок од албумот на денот на концертот. Цена на пакетот, влезница плус луксузно дигипак издание ќе биде 600 денари, а влезниците во продажба ќе бидат пуштени од вторник 10-ти декември.

Првиот сингл со наслов „Чалгиска“ од новиот албум „Македонско девојче 2“, ќе биде објавен на 6-ти декември точно во 21 часот на официјалната Фејсбук страница на Каролина и фејсбук страната на Авалон Продукција.



Врати се горе ↑