Македонија vlatko-i-karolina

9 јуни, 2013

Каролина ќе гостува во новиот албум на Влатко Стефановски

Како што беше најавено во месец април, македонскиот виртуоз на гитара – Влатко Стефановски привршува со работата на неговиот нов албум, а најновата вест поврзана со ова издание која деновиве се појави на  веб страната на Стефановски е тоа што специјален гостин ќе биде нашата позната пејачка Каролина Гочева. Имено, таа ќе го отпее својот дел во песната насловена „Љубов за сите“ која ќе се најде на албумот првично насловен „Guitar Tzar“, но финалниот производ веројатно ќе го носи насловот „Сеир“.



Врати се горе ↑