Концерт kg

18 јули, 2014

Каролина ја откажа летната турнеја

Четирите концерти во Битола, Охрид и Дојран кои беа предвидени во рамките на летната турнеја „Смеј ми се смеј“ на Каролина Гочева се откажани поради прераната смрт на еден од основачите на Авалон продукција, Даниел Милошески. Пејачката ја соопшти веста преку својата фан страница на Фејсбук, изразувајќи жалење за изгубениот пријател и соработник кој долги години се грижеше за нејзината кариера.

„Драги мои пријатели, како што веќе знаете, во вторникот навечер ненадејно почина Даниел Милошески, еден од моите соработници кои цело ова време ме водеа и беа со мене на секој чекор низ кариерата. За сетотоа време Даниел беше и еден од моите најблиски пријатели. Поради сето ова, сакам да Ве известам дека не сум во можност да се појавам пред вас и да ги одржам најавените концерти и затоа ја откажувам комплетната летна турнеја и концертите закажани за Битола, Охрид и Дојран.

Со почит, Каролина“, напиша пејачката.

 



Врати се горе ↑