Концерт karolina-vo-bitola

7 декември, 2012

Каролина и Васил Хаџиманов вечерва во Битола

Вчера со настапот на Љубојна започна „Фестивалот на музика од светот“ во градот на конзулите. Вечерва на втората фестивалска вечер, со почеток од 20 часот, најпознатата битолчанка Каролина Гочева ќе ги почести своите сограѓани со изведби на песните од „Македонско девојче“, а свој настап  ќе има и Васил Хаџиманов со неговиот состав од Белград со авторска музика од балканските музички вариетети и џез фузија.

Утре, 8-ми декември, во Центарот за култура ќе настапи и популарната турска група Баба Зула од Истанбул. Ова е веќе шеста година како се одржува овој „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Овој град е познат по негување на културата, без разлика дали станува збор за музика, филм или театар. 



Врати се горе ↑