Аудио

30 октомври, 2017

Каролина и „Феникс“ го претставија својот „Џеб со тајни“

Минатата недела Каролина Гочева на својот официјален профил најави нешто ново во поглед на нејзината музичка кариера, а деновиве на нејзините профили на социјалните мрежи се најде аудиото на новата песна насловена „Џеп са тајнама“.

„Драго ми е што сум дел од еден многу убав и интимен проект насловен ’Џеп са тајнама’ на Момчило Зековиќ, кој пред неколку дена беше промовиран во Подгорица. Феникс е песната која ја обработивме посебно за оваа прилика, се надевам ќе имаме и можност да ја изведеме во живо“, напиша Каролина на својот Фејсбук профил.

Инаку, музиката и текстот се на Момчило Зековиќ, а снимена е во студиото „Мјузикленд“ во Подгорица и „ХЛ Момировски“ во Скопје, од страна на Саша Гајиќ и Дејан Момировски, додека мастерингот го направи Џејмс Круз во „Цајтгајст саунд студиос“ во Њујорк.

Како звучи оваа интересна соработка можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑