Македонија

6 февруари, 2018

Каролина Гочева заштитно лице на високата мода на „Магнетик“

Модната групација „Магнетик“ ја најави својата нова соработка за 2018 година со нашата најголема ѕвезда Каролина Гочева, која ќе биде заштитно лице на една интересна кампања на тема „Што те прави тебе единствена?“. Во рамките на кампањата, која е во подготовка и која ќе се одвива во текот на годинава, преку неколку тематски видеа и фото-сесии ќе се прикажува една приказна за жената, за љубовта, за животот и секојдневието.

Видеата и фотографиите ќе бидат направени на различни локации низ Македонија, обидувајќи се да ги доловат локалните убавини, преку модата и уметноста и да ја раскажат приказната на секоја жена која се чувствува убаво во сопствената кожа. Кампањата се очекува да започне овој месец со италијанските брендови „Марела“ на МаксМара и новиот ексклузивен бренд „Пинко“, а ќе продолжи со „Лиу Џо“, „Макс и ко.“, „Пениблек“ и „Викенд“ на МаксМара. 

Фотографија: Лилика Стрезоска

Покрај оваа соработка, Каролина периодов е актуелна со новиот албум „Извор“, кој ќе биде објавен наскоро и чиј материјал ќе биде промовиран во рамките на четири последователни концерти во МОБ, закажани за 23, 24, 25 и 26 февруари. Првите два се веќе комплетно распродадени, а влезниците за 25 и 25 февруари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑