Концерт

29 ноември, 2018

Каролина Гочева настапува со Македонската филхармонија!

Во својата долгогодишна кариера, Каролина Гочева ни покажа дека е подготвена за секакви предизвици, а македонската публика е секогаш подготвена да ја следи во чекор и да ги пополнува сите седишта на комплетно распродадените концерти, дури и кога промовира сосема нов материјал. А сега, откако ни ја разгали душата со својот „Извор“, битолчанката ќе ги отпее своите најголеми хитови, но придружба од оркестарот на Македонската филхармонија.

„Драги мои, со големо задоволство ви го најавувам мојот следен проект, два концерта со оркестарот на Македонската филхармонија, на 15 и 16 февруари, каде ќе ви ги претставиме најубавите и за мене најдрагите песни кои сум ги испеала низ годините, со комплетно нови и раскошни аранжмани“, најави пејачката, а ние уште отсега сме сигурни дека интересот на публиката ќе биде голем и дека ќе биде закажан барем уште еден концерт…

Драги мои,Со големо задоволство ви го најавувам мојот следен проект, два концерта со оркестарот на Македонската…

Gepostet von Karolina Goceva am Montag, 26. November 2018

 

„Ќе биде навистина огромно задоволство да се слушнат песните од проектот ’Македонско девојче’, ’Извор’ и некои од најубавите песни од претходните албуми на Каролина во живо, во комплетно нови аранжмани. Новата сала на Македонската филхармонија, како убедливо најдобра сала од овој тип во Европа во моментов, овозможува 100% услови за неверојатно квалитетен музички производ каков што сме сигурни дека ќе добиеме од Каролина и од сите музичари во вечерите на 15 и 16 февруари“, велат од нејзината матична продукција „Авалон“, која е и организатор на концертите.

Влезниците во максимално ограничен број по цена од 1.000 денари се веќе пуштени во продажба на продажните места на Авалон, а како што се очекуваше, веќе се половина распродадени!

Фотографија на Karolina Goceva.



Врати се горе ↑