Концерт

23 февруари, 2018

Каролина го започнува концертниот маратон во МОБ

Вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи првиот од четирите распродадени концерти на Каролина Гочева, во чии рамки битолчанката ќе го промовира материјалот од новиот албум „Извор“. Без поголемо изненадување, четирите концерти беа комплетно распродадени, па заради големиот интерес закажани се уште три дополнителни датуми, на 1, 2 и 3 март, за кои влезниците сè уште се во продажба.

Како што соопштија од „Авалон“, со секоја купена влезница следува подарок – луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.

Пејачката го најави новото издание со емотивната „Ѕвона“, која ја претстави пред самиот крај на минатата година, па наскоро се очекува барем уште еден сингл од нејзиниот „Извор“.

Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑