Македонија 27903_471233372917803_55521378_n

28 ноември, 2012

Каролина го промовираше новиот албум

Во клубот на Новинари вчера се одржа промоцијата на Каролина Гочева, наречена „Три во едно“, од едноставна причина што се промовираа три работи, но сите поврзани едно со друго: спотот на „Тој“, албумот „Најубави песни“, како и концертот кој ќе се одржи во Универзална сала на 22 декември.

За овој проект, Каролина призна дека е воодушевена што испаднал онака како што таа замислувала. „Среќна сум што конечно имам ваков албум и едвај чекам да го подарам на моите најблиски“, изјави таа.

На албумот има вкупно 16 песни, во кои како што таа кажа некои се нејзините најголеми хитови, а некои се песни кои ги имало на нејзините досегашни албуми, но не добиле онакво внимание какво што заслужиле. Тука се наоѓа и преработката на песната „Тој“, заедно со новиот видеозапис.

Меѓу другите песни на албумот се наоѓаат и „Први март“, „Во заборав“, „Само уште еден ден“, „Без оглед на се“, „Знаеш колку вредам“, „Штом сакаш“, „Љубовта е моја религија“, „Не чувствувам страв“, „Капка под небото“, „И ќе биде се во ред“, „Сама“, а како бонус песни се „Кад ми небо буде дом“, „Као мале воде“, „Lady Godiva“, „Остани“. Овој албум е наменет само за македонскиот пазар.

Од Авалон продукција, покрај концертот, каде песните на Каролина ќе бидат преработени во акустична верзија, за 2013-та година го најавија продолжението на „Македонско девојче“, по барање не само на македонската, туку и балканската публика.

Извор и фото: фан страница на Каролина Гочева на фејсбук



Врати се горе ↑