Концерт

12 март, 2018

Каролина го носи „Изворот“ дома, во Битола

По седумте распродадени концерти во Скопје, и минатонеделниот во Охрид, Каролина го носи својот „Извор“ на домашен терен, пред своите сограѓани во Битола. „Драги мои битолчани, задоволство ми е да ве информирам дека се познати сите детали околу моето концертно промовирање на новиот албум ’Извор’ во мојот роден град! Сите детали ќе бидат објавени утре, на ова исто место во 19 часот“, напиша пејачката вчера, споделувајќи една од песните од новото издание.

Драги мои битолчани,Задоволство ми е да ве информирам дека се познати сите детали околу моето концертно промовирање на…

Posted by Karolina Goceva on Sonntag, 11. März 2018

Секако дека битолчани со нетрпение очекуваа концерт на својата најголема ѕвезда, а сите детали околу настанот ќе ги дознаеме вечерва.



Врати се горе ↑