Настани

10 јуни, 2016

Каролина главна ѕвезда на „Пиво фест 2016“

Еден од ретките настапи ова лето македонската ѕвезда Каролина Гочева ќе го има на вториот ден на „Пиво фест 2016“, на 15 јули во Прилеп, каде што ќе се претстави со својот бенд со песни од проектот „Македонско девојче“, соопштија од „Авалон продукција“.

Годинешното, 14. по ред издание на прилепскиот фестивал на пивото ќе се одржува од 14 до 17 јули, а покрај Каролина, засега познато е дека ќе настапат и „Куку леле“, Аца Лукас, Хари Мата Хари, Рада Манојловиќ, Александра Радовиќ, како и белградската ска-панк група „Самостални референти“.

Од општина Прилеп најавуваат дека ова издание ќе биде уште поспектакуларно и попосетено од претходните, а целосната програма се очекува наскоро.

пиво фест



Врати се горе ↑