19 декември, 2017

Каролина ги претстави своите „Ѕвона“

Каролина конечно нè израдува со нов материјал, а она што претставува вовед во нејзиниот нов албум ветува уште едно антологиско дело. Имено, популарната пејачка штотуку го објави првиот сингл од наследникот на „Македонско девојче 2“, а за темата насловена „Ѕвона“ повторно ги здружила силите со композиторот Николче Мицевски, кој се потпишува на музиката и аранжманот, додека стиховите се дело на Весна Малинова Бабамова.

каро

„Знам, сите зими ќе минат, нема веќе да те видам, но едно нема да помине… Знам, сите песни ќе стивнат, сите рози ќе се скинат, јас ќе те сакам до краен ден“, пее популарната битолчанка во својата нова песна, која ја посвети на „сите што ни се во срцата, а не се со нас“.

Ѕвона“ стигна спакувана со видео во реализација на продукцијата „Мелем“, а со сето тоа можете да уживате горе!



Врати се горе ↑