Галерија 11701183_933008996740236_9016092784844427828_n

27 јули, 2015

Каролина ги наполна античките театри во Битола и Охрид, на ред е Дојран

На 23 и 24 јули, во античките театри во Битола и Охрид се бараше карта повеќе за прекрасните концерти на Каролина Гочева, која пред повеќе од 5.000 фанови го изведе материјалот од својот историски проект „Македонско девојче“. Пејачката настапи заедно со својот бенд и специјалниот гостин – виртуозот на труба, Џамбо Агушев, а покрај песните од двата албума „Македонско девојче“ и „Македонско девојче 2“, изведе и дел од познатите поп хитови, но со поинаков аранжман, соодветен за атмосферата на овој проект.

Доколку ги пропуштивте овие два прекрасни концерти, дел од атмосферата можете да погледнете во продолжение, а уште една можност да уживате со нашето „Македонско девојче“ ќе имате на најголемиот македонски празник Илинден во Дојран.

Влезниците за концертот во Дојран по цена од 300 денари можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“.



Врати се горе ↑