Видео

3 ноември, 2018

Каролина ги екранизираше „Белите цветови“

Многумина ќе се согласат дека на песните што во последно време ни ги подарува Каролина, не им се потребни видеа за да допрат до срцата на слушателите, а се чини дека истото го мисли и познатата пејачка, која е една од ретките на кои им успева да распродадат серија концерти за промоција на нов материјал. Од својот нов и мошне успешен албум „Извор“, таа сними видео само за најавниот сингл „Ѕвона“, а летово ни најави дека работи на уште една екранизација.

Овој пат станува збор за, како што вели Каролина, „највеселата песна од овој албум“, разиграната „Бели цветови“, потпишана од комплетниот автор на ова издание – Никола Мицевски и со стихови од Весна Малинова Бабамова, а сето тоа визуелно го долови режисерот Чедо Поповски.

„Се надевам дека нашава убава приказна дополнително ќе ви ги разубави овие последни сончеви денови. Уживајте!“, напиша Каролина претставувајќи го новото видео, а како изгледа сето тоа дознајте во продолжение.



Врати се горе ↑