Македонија karolina-kozuvcanka

12 март, 2015

Каролина е новото лице на компанијата „Кожувчанка“

Денес, на 12.03.2015 (четврток) во „Клуб на новинари“ се одржа прес-конференција на која беше објавена соработката на нашето Македонско девојче – Каролина Гочева со компанијата со традиција, „Кожувчанка“. Присутните ги поздрави водителот Ненад Ѓеоргиевски, по кој говореше одговорното лице за маркетинг од „Кожувчанка“, Ратко Мицев, посочувајќи дека работата и кариерата на Каролина Гочева се содејствува со функционирањето на компанијата во која работи, а тоа се љубов кон работата, посветеност и квалитет. Тој најави вклучување на Каролина во годинешните маркетинг активности и кампањи на компанијата, која оваа година прославува 20 години од нејзиното формирање.

Нов сингл и нови датуми за летна турнеја

Каролина, задоволна од оваа соработка, ги најави идните планови на матичната продукција „Авалон“, во кои сега како поддршка ќе биде вклучена една од најбрзорастечките компании во нашата држава. Имено, турнејата на Каролина, која минатото лето беше одложена поради смртта на Даниел Милошески од „Авалон продукција“, ќе се одржи ова лето. Почетокот на турнејата „Смеј ми се, смеј“ е закажан за јули, точните термини сè уште не се познати, но локациите ќе останат исти од лани. Покрај турнејата, Каролина наскоро ќе објави сосема нов сингл, кој ќе биде комплетно во стилот на проектот „Македонско девојче“.

 



Врати се горе ↑