Видео

6 мај, 2019

Каролина, Дуке и Исмаил – „Со маки сум се родила“ во Њујорк

Изминативе неколку денови, македонските музичари Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски споделија снимки од нивната дружба во Њујорк, каде што во продавницата за музички инструменти „Клавирхаус“ изведоа дел од најубавите македонски песни.

Откако ни ги претставија изведбите на баладата „Празно е без оваа љубов“ и веселата „Не си го продавај Кољо чифликот“, сега на ред дојде емотивната „Со маки сум се родила“, која Каролина ја отпеа и за првото издание на албумот „Македонското срце чука во 7/8“ на браќата Тавитјан, а како звучеше сето тоа во придружба на Дуке и Исмаил дознајте во продолжение. Уживајте!

“So maki sum se rodila” – with my extraordinary Macedonian music dream team, Karolina Goceva & Ismail Lumanovski at my favorite piano store in Manhattan, Klavierhaus NYC ❤️❤️❤️

Gepostet von Duke Bojadziev am Samstag, 4. Mai 2019



Врати се горе ↑