Аудио crj-irly

3 март, 2015

Карли Реј Џепсен се враќа со „I Really Like You“

Само што си помисливме дека ќе остане „чудо од еден хит“, канадската ѕвезда Карли Реј Џепсен, која во 2012 година се прослави со хитот „Call Me Maybe“, деновиве го објави својот повратнички сингл насловен „I Really Like You“. Пејачката неодамна изјави дека долго работела на новиот материјал, а нејзиниот менаџер Скутер Браун истакнал дека не сакале да објават ништо што не е на исто ниво со виралниот хит „Call Me Maybe“.

Дека Карли ќе се врати на сцената како вистинска ѕвезда докажува и фактот што во екранизацијата на оваа песна на пејачката друштво ќе ѝ прават нејзиниот сограѓанин Џастин Бибер и холивудскиот актер Том Хенкс. Како ќе изгледа видео записот за новиот хит можете да погледнете во кусото видео овде, а како звучи „I Really Like You“ слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑