Видео

6 ноември, 2018

Карли Реј Џепсен има химна за самците

Канадската пејачка Карли Реј Џепсен, која светот ја запозна преку заразниот хит „Call Me Maybe“ (2011), започнува ново поглавје во својата кариера, а повратничкиот сингл насловен „Party For One“ има потенцијал да стане химна за самците. Имено, во стилот на нашиот евровизиски хит „Dance Alone“, новата песна на Џепсен носи слична порака: „Забава за еден! Ако не ти гајле за мене, ќе си танцувам сама“, пее таа.

„Оваа песна за мене е химна за славење на времето што го поминуваме сами со себе, што за некои луѓе понекогаш е доста тешко. Исто така, претставува голем дел од она што сакам да го кажам на новиот албум, односно се однесува и на романтичната љубов, но и на љубовта кон себе“, објаснува Џепсен.

Сè уште нема детали околу насловот и датумот на објавување на новиот албум, кој ќе биде четврто студиско издание за канадската ѕвезда, а ќе го наследи „Emotion“ од 2015 година, па додека очекуваме нови информации, уживајте со најновото од Карли Реј Џепсен – „Забава за еден“!



Врати се горе ↑