30 октомври, 2012

Карли Ре Џепсен со нов видео запис

Сопственичката на титулата „Песна на летото 2012“  за популарниот хит „Call Me Мaybe“и MTV Push ѕвезда за месец септември, канадската пејачка Карли Ре Џепсен конечно го претстави новиот видео запис за нејзиниот најнов сингл „This Kiss“ кој се наоѓа на нејзиниот неодамна промовиран втор студиски албум „Kiss“. Продукцијата на новата песна ја потпишуваат LMFAO ѕвездата Редфу и Метју Кома, додека за режијата се погрижи Џастин Френсис. Америчката музичка телевизија MTV  овој спот го опиша како „комбинација на естетиката и гардеробата на осумдесеттите, а и атмосферата на старите добри деведесетти“. Погледнете го нејзиниот „Бакнеж“.



Врати се горе ↑