Свет carly-rae-jepsen-nicki-minaj

30 април, 2013

Карли и Ники ги здружија силите за ремиксот нa „Tonight I’m Getting Over You“

Како што пренесува MTV News, канадската пејачка Карли Реј Џепсен за ремиксот на нејзиниот актуелен сингл „Tonight I’m Getting Over You“, од нејзиниот нов албум „Kiss“, како гостин ја поканила рап кралицата Ники Минаж. За оваа соработка, менаџерот на Џепсен, Скутер Браун изјавил: „Кога Карли и Ники ќе ги здружат силите, тие прават песни за преболување на момците.“

Според зборовите на Браун, песната ќе пристигне наскоро, односно уште следната недела: „Само што ја слушав на мојот телефон. Ќе ја слушнете наскоро!“ Во продолжение да се потсетиме на оригиналната верзија на третиот сингл од последниот албум на Џепсен, „Tonight I’m Getting Over You“.

 



Врати се горе ↑