Балкан jelena-karleusa-jk

18 ноември, 2012

Карлеуша сака дует со Дино Мерлин

Скандалозната српска пејачка Јелена Карлеуша неодамна настапуваше во Тузла, каде што во интервју дадено за порталот Tip.ba открила дека посакува дует со босанската легенда Дино Мерлин.

„Тој е своевиден феномен. Тоа е човек кој нема пад во кариерата и кој со секој нов албум ги поместува границите во својот жанр. Навистина го слушан од моите музички почетоци и претставува пример за мене.“ – го пофалила Мерлин, додавајќи: „Се запознав со него и се сеќавам дека имавме сериозен разговор, но никогаш не зборувавме за таа соработка. Сум изјавила дека имам желба, но претпоставувам дека проблемот е тоа што тој можеби има разни предрасуди за мене, така што приказната за соработка не сакам да ја форсирам. Ако се случи, ќе се случи.“ 

 

 



Врати се горе ↑