Балкан jk

6 ноември, 2014

Карлеуша не сака да се натпреварува со анонимни пејачи за Евровизија

Србија следната година повторно се враќа на евровизиската сцена, а една од најсериозните кандидати била Јелена Карлеуша. Но, пејачката се откажала од оваа идеја бидејќи не сакала да се натпреварува со неафирмирани пејачи. „Бидејќи годинава има такви правила, Јелена всушност самата се одјави“, изјавил за српски „Телеграф“ композиторот Владимир Граиќ Граја, кој е автор на сите три песни кои ќе бидат во конкуренција.

Имено, според новите правила, за билетот за Виена ќе се натпреваруваат два афирмирани пејачи и една нова надеж, која ќе биде избрана на аудиции во шест градови ширум Србија, а конкурсот за пријавување е отворен до 10 ноември.

Граиќ го побарале многу пејачи кои биле заинтересирани за Евросонг: „Меѓу нив има многу поранешни учесници на натпревари како што се Х Фактор, Операција триумф… Меѓутоа, за Евросонг правам специфични песни, па неопходни ми се и специфични интерпретатори“, додал Граиќ.

 



Врати се горе ↑