Балкан

23 август, 2017

Карлеуша ги откри условите за настап на „Евровизија“

РТС официјално распиша конкурс за претставник на Србија на претстојната „Евровизија 2018“, која следната година ќе се одржи во Лисабон, а обожавателите на популарната српска пејачка Јелена Карлеуша веднаш отворија групи на социјалните мрежи за нејзина поддршка и јавно ја прашаа дали планира да конкурира на овој музички натпревар.

„Моите услови за претставување на Србија на ’Евровизија’ се следните: Јас ја бирам песната, јас го осмислувам настапот и никој нема право да ми се меша во изборот. Инаку, не ме замарајте веќе со оваа тема“, напишала Карлеуша на Твитер, додавајќи дека „конкурсите се за аматери, а ѕвездите се замолуваат“.

jk

Пејачката, која и претходно беше споменувана во евровизиските сценарија, веќе извезен период е во војна со уредничката на забавната програма на РТС, Оливера Ковачевиќ, која рекла дека не ѝ нуди да ја претставува Србија на овој избор затоа што не знае да пее во живо.

Таа во моментов е актуелна со дуетот со колегата Аца Лукас за темата „Банкина“, која премиерно ја претстави на финалето на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.



Врати се горе ↑