Аудио carla-bruni

16 март, 2013

Карла Бруни отпеа песна за „пингвинот“ Оланд

Како што пренесува AFP, во песната „Пингвин“, поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни пее за непријатна и непристојна личност која „замислува дека е крал, но нема никакви манири“. Француските медиуми во „пингвинот“ го препознале актуелниот претседател Франсоа Оланд, на кој Бруни му се одмаздува за неговото ладно однесување кон нејзиниот сопруг Никола Саркози кога му ја предавал власта, а тој одбил да го испрати дотогашниот претседател до автомобилот кога ја напуштал Елисејската палата.

Французите обично ја нарекуваат „пингвин“ непристојната и непријатна личност. Карла Бруни пак, во изјава за неделникот „Nouvelle Observateur“ навела дека песната е за невоспитани личности: „Некои мислат дека зборувам за новинарите, но тоа не е точно.“

Четвртиот албум на Карла Бруни насловен „Little French Songs“ ќе биде пуштен во продажба од 1-ви април, а на него ќе се најде и песната „Chez Keith et Anita“ во која поранешната девојка на Мик Џегер го опишува животот со дрога на гитаристот од Ролинг Стоунс, Кит Ричардс и неговата долгогодишна партнерка Анита Паленберг.

 



Врати се горе ↑