Свет carla_bruni_1920_1200_sep112010

9 јануари, 2013

Карла Бруни наскоро со нов албум

Поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни – Саркози на пролет ќе издаде нов албум насловен „Little French Songs“, изјавил нејзиниот агент. Како што пренесува AFP, албумот претставува укажување чест на големите француски композитори и е прв нејзин албум од 2008 година, кога Бруни се омажи за тогашниот претседател на Франција, Никола Саркози. По неговиот пораз на изборите се повлече од светот на политиката, Карла (45) одлучи да се врати на музичката сцена.

„Карла не ја стави својата кариера во мирување додека Никола беше претседател. Таа и понатаму компонираше, а своите јавни концерти ги прекина поради практични причини, но сега ќе продолжи“ – изјавил нејзиниот агент во мај, минатата година.

„Little French Songs“ ќе биде нејзин четврт албум, со кој се надева дека ќе го повтори успехот на „Quelqu’un m’a dit“, кој беше издаден пред десет години и продаден во два милиони примероци.

 

 



Врати се горе ↑