Настани 1426662_602692599789375_711590070_n

7 декември, 2013

Карл Крег, Денис Ферер, ЛД Пистолеро и Гоце САФ на Таксират 15

Списокот на изведувачи кои ќе настапат на главната вечер од јубилејното 15-то издание на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ е побогат за уште неколку значајни имиња од светот на електронската музика и домашната хип-хоп сцена. На радост на сите вљубеници во електронската музика, ТАКСИРАТ 15 Ви ги претставува настапите на великанот на детроитската техно сцена и една од влијателните фигури во развојот на електронската музика – КАРЛ КРЕГ (CARL CRAIG), како и еден од лидерите на хаус правецот, секогаш иновативниот американски диџеј ДЕНИС ФЕРЕР (DENNIS FERRER). Но тоа не е сѐ! Покрај иноваторите на денс музиката, на ТАКСИРАТ 15 публиката ќе има можност да ја посведочи и експлозивната енергија која на своите настапи ја пласираат едни од најдокажаните хип-хоп артисти на домашната сцена, ЛД ПИСТОЛЕРО и ГОЦЕ (САФ)Главната вечер на ТАКСИРАТ 15 ќе се одржи на 28-ми декември, во Метрополис Арена во Скопје.

Карл Крег е артист кој го одредуваат како креативен визионер, иновативна икона на електронската музика, инспиративен уметник, респектиран Греми-номиниран композитор, светски диџеј и амбасадор на неговиот роден град Детроит. Но, заедничка нишка што провејува низ неговиот широк музички опус и креативни проекти е константната фасцинација од футуризмот. Својата прва трака тој ја објави во 1989 година, а во 1991 година, сакајќи чиста уметничка слобода, Карл Крег ја оформи сопствената етикета „Planet-E“. Од тој момент неговото бурно експериментирање со звукот продолжи со засилен интензитет. До сега има објавено броен и разновиден спектар на експериментална и иновативна музика под низа псевдоними како 69, BFC, C2, Innerzone Orchestra (‘Bug in the Bassbin’ беше означена како искра која ја инспирираше еволуцијата на дран’ен’бејс музиката), No Boundaries, Psyche, Paperclip People, Tres Demented, Urban Tribe и многу други. Во својата кариера има реализирано проекти и соработки вкрстувајќи различни и навидум неспоиви музички правци со електронската музика, со имиња како легендарниот детроитскиот џез колектив Tribe, оркестраторот/пијанист Francesco Tristano, францускиот продуцент Agoria или работата на „лајв“ импровизации на филм на Енди Ворхол на Unsound Festival во Њујорк. Неговиот концерт со Les siècles оркестарот во Cité de la Musique во Париз, со овој спој на техно и класична музика, беше означен како „историски“. Тој редовно настапува во живо во експерименталното издание како Трио со Moritz Von Oswald и Francesco Tristano, а понекогаш и како Narod Niki заедно со Villalobos , Luciano, Richie Hawtin, ZIP и други. Неговата ремикс дискографија може да се пофали со некои од најпосакуваните имиња во музиката – LCD Soundsystem, Hot Chip, Junior Boys (за што ја доби номинацијата за Греми награда), Gavin Russom & Delia Gonzalez, Theo Parrish, Tori Amos, Can, Goldfrapp, Friendly Fires, Tom Trago, Slam, Caribou, Tiga, Unkle, Life & Death, tINI, Yello и уште многу други. Во 2012 година тој ги издаде соло делата „Last Decade“,  како мини концептуален албум со шест песни под неговиот алиjас Carls Davis, а се најде во врвот на листата диџеи кои владеат на Земјата според списанието „Rolling Stone“ и се појави на насловната страница на најголемиот светски магазин за електронска музика, „Mixmag“.

Денис Ферер е артист за кој се вели дека електронската музика се развива паралелно со неговиот развој. Кога клубската музика почна да се движи во насока на афро-хаус, Dennis Ferrer се пронајде таму.  А потоа, кога таа почна да прифаќа микс на техно и соул, Ferrer исто така беше тука, како лидер на правецот, со својата совршена музичка продукција. А како артист кој никогаш не е склон да ги повторува истите нешта, јасно е дека и во иднина ќе остане на иновативната линија. Тој беше номиниран за Греми награда за неговиот Objektivity микс на песната „Don’t Believe In Love“ која ја пееше Dido. Со длабоко познавање на минатото и константен напредок кон иднината на музиката, Ferrer и понатаму останува еден од најзначајните диџеи на хаус музиката, лидер и иноватор кој ужива во музичката слика која ја создава, но секогаш поместувајќи ги сопствените граници на креативност. Музички активен уште од средината на ‘90тите години, зад себе има бројни остварувања и соработки со артисти меѓу кои Masters at Work (MAW), Little Louie Vega, Martinez Brothers и многу други. „Son of Raw“, „Church Lady“, „Underground Is My Home“ и „Touched the Sky“, сите беа огромни подиумски химни кои го привлекоа вниманието на пошироката публика. Неговиот ремикс пак, на „Underground“ од 2012 стана неверојатен хит во Ибица, за потоа веднаш да се пробие на првото место на дип-хаус топ листата на Beatport. Без разлика дали станува збор добра доза соул во неговите траки, за госпел-хаус звук или за дип влијанија, јасно е дека Ferrer е постојано зафатен со пронаоѓање на нови начини да ја изненади и восхити публиката.

Македонскиот рапер, радиоводител и диџеј Владимир Пешков познат како ЛД ПИСТОЛЕРО заедно со диџеј ГОЦЕ САФ, кој на крајот на 90-тите беше познат на македонската андерграунд сцена како дел од групата САФ, ќе бидат задолжени за енергично хип-хоп финале на Таксират 15. Ова дуо со своите соработки е веќе добро познато во скопските хип-хоп и р&б кулоари по најдобрите забави во градот, а годинава меѓу останатото, се актуелни и со својот нов сингл и видео запис за песната „Еден Ден“. Оваа песна дојде само еден месец откако дуото ја преработи легендарната „Чија си“ на Славе Димитров, а покрај работата како дуо, двајцата зад себе имаат и низа успешни соработки со релевантни имиња од домашната и регионалната хип-хоп сцена.

Покрај КАРЛ КРЕГ, ДЕНИС ФЕРЕР, ЛД ПИСТОЛЕРО и ГОЦЕ САФ, на главната вечер на ТАКСИРАТ 15 ќе настапат БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА (Македонија), БЕОГРАДСКИ СИНДИКАТ (Србија), THE LOCOS(Шпанија), ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ (БиХ), МАЈКЕ (Хрватска) и THE EXPLOITED (Шкотска)!

Таксират фестивалот за најверните и најбрзи „таксиратлии“ кои сакаат што поскоро да го осигураат своето присуство на „Таксират 15“, ги подготви првите влезници кои веќе се достапни по промотивна цена од само 450 денари! Овие промо влезници се во ограничен број и можете да ги набавите на сите продажни места во мрежата на МКтикетс:

• Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

• Југотон ГТЦ 1 кат.
• Низ Македонија : ЗЗ ТОП Охрид, Агора Куманово, Хард Рок Битола, Шишко Кочани, Розе Веро 2, Камарад Рамсторе, Кафе Браво, Круг Кафе.



Врати се горе ↑