Настани 1888655_10152313789563698_29476737_n

14 март, 2014

Карл Кокс со пријателите ја освојува тврдината

Светски познатата Денс Арена е незаобиколна дестинација за ова лето! По повод 15-тото издание на фестивалот, покрај ексклузивните концептуални вечери, специјалните „бек ту бек“ битки на најголемите светски диџеи се враќаат на една од најатрактивните електронски бини на светот. Доколку сте биле на Арената во 2009 година, се сеќавате на неверојатните сетови. Подгответе се за уште повозбудливи изненадувања кои ги носи ЕГЗИТ 2014!

Во петок, 11-ти јули Денс Арената на ЕГЗИТ фестивал ќе ја има честа да ја угости прочуената „Карл Кокс вс Френдс“ (Carl Cox vs Friends) клубска вечер која до сега беше претставена на најголемите светски фестивали, а се состои од внимателно одбрани претставници на новите бранови на електронската музика, но и проверени великани чија работа го заскокоткала непогрешливото уво на Карл Кокс!

Карл Кокс се враќа на Петроварадинската тврдина повторно да ја оправда титулата на еден од најдобрите светски диџеи на сите времиња и уште еднаш да ги фрли во транс гладијаторите на Денс Арената! Сите добро го паметат неговиот легендарен б2б настап со Грин Велвет (Green Velvet) во 2009-та кога настапи во маица со натпис „Dance Arena Saved My Life“. Пред само недела дена, Карл Кокс по повод овој славен настап изјави: „Едвај чекам да се вратам (на Денс Арена) и сето ова да го повторам. Беше навистина неверојатно x“

Речиси да нема нешто што овој човек не постигнал – зад себе ги има култните резидентури на Ибица кои траат веќе 13 години, два сета за дочекот на новиот милениум и тоа во две временски зони, како и настап пред 1 500 000 луѓе на „Лав Парејд“ во Берлин, сето време ширејќи ја својата вонвременска љубов кон музиката и животот воопшто. Оваа година тој ни ја носи и поворката од своите музички пријатели, за со журката која трае до раните утрински часови и со посетителите на ЕГЗИТ фестивал, да го прослават летото, музиката и изгрејсонцето!

CARL COX vs DANNY TENAGLIA
Музички амбасадор, ветеран на ејсид хаусот, шампион на техното и татко на британската рејв сцена, Карл Кокс, заедно со најдобриот њујоршки диџеј кој зад себе има повеќе од 200 продикциски дела, Дени Тенаглиа, ќе настапи на овогодинешниот Егзит со еден од најексклузивните б2б сетови во електронската музика! Овие двајца великани со кариери кои траат повеќе од три децении, на најдобрата Денс Арена на светот дефинитивно ќе донесат нова димензија на незаборавниот провод.

BEN KLOCK vs MARCEL DETTMANN
Двајцата родени берлинци, неизоставниот дел од сцената која ја донесе овој град и едни од најзначајните имиња во новата историја на техно музиката, доаѓаат прв пат на Денс Арената да покажат зошто нивните маратонски шестчасовни, а понекогаш и дванаесетчасовни сетови во култниот клуб „Бергхаин“ (Berghain) се една од најисчекуваните вечери во календарот на секој берлински клабер.

EATS EVERYTHING vs CASSY 
Ова динамично дуо ќе ја запали тврдината! „Итс Евритинг“ е познат по своите сулудо напредни андерграунд сетови, но и по повеќе од магичните ремикси за Џејми Џонс, Фоур Тет, Адам Ф и по тоа што негови песни изведуваа Сет Трокслер и „Скрим Ту Ридлајт“ (Skream to Readlight). Како добитник на наградата за најдобар британски диџеј во 2011 целосно ја оправда оваа титула. Британката со карипско потекло и резидент на славниот клуб Панорамабар во Берлин, Кејси во досегашната кариера соработуваше со великани како Лучиано, Метју Џонсон, Рикардо Вилалобоса и Стив Баг. Ова е еден од најинтересните парови и сигурно ќе ги маѓепса сите посетители на Арената.

Planetary Assault Systems LIVE
„Планетари Асолт Системс“ е највлијателниот псевдоним на славниот претставник на техно жанрот, Лук Слејтер (Luke Slater) кој на сцената доминира веќе дваесет години. Лук е мајстор на динамичниот, футуристички техно звук, а последните два албуми под овој псевдоним ги објави за исклучително важната берлинска етикета „Остгут Тон“. На ЕГЗИТ доаѓа со исклучително интересен лајв настап.



Врати се горе ↑