Аудио CP2promophoto

19 октомври, 2015

„Кардинал поинт“ го објавија својот прв албум

Српскиот состав „Кардинал поинт“ (Cardinal Point), кој за јавноста е познат и под првобитното име „Гаддемн“ (GodDamn), неодамна го објави своето деби издание под етикетата „Ноктурн медија“ (Nocturne Media). Албумот насловен „Spit On Trust And Reliance“, на кој се застапени 11 нумери плус бонус трака, спаѓа во групата најдобри деби изданија на просторот на поранешна Југославија за оваа година.

„Со цел сè да подигнеме да повисоко, посериозно и попрофесионално ниво, по наглото формирање на нови бендови во светот со исти или слични имиња, одлучивме нашето прво име ’Гаддемн’ да го промениме во ’Кардинал поинт’, со што сакаме директно да укажеме на жанрот, стилот и пркосно гордиот став“, изјавија членовите на бендот: Миодраг Димитријевиќ – Шима (вокал, гитара), Милан Стојковиќ – Зверко (тапани), Милан Стефановиќ (гитара) и Дејан Митиќ (бас гитара).

На излегувањето на албумот, снимен во студиото „3х2“ под продуцентската палка на Стефан Гаќеша и Владимир Здравковиќ, му претходеше тригодишно созревање по пат на концерти настапи, како и успешни учества на речиси сите релевантни демо фестивали во регионот, како што се „Гитаријадата“ во Заечар, „Демо фест“ во Бања Лука, „Белград демо фест“, „Рилоуд“ и тн., но и во ревијалните програми на фестивалите ширум Србија и Македонија.

„Заради пркосно гордниот став кон нашата географска положба, се заинаетивме против нашите празни џебови и туѓи вжештени глави, ја пресековме одлуката и се упативме во студио на другиот крај на нашата земја. Во студиото работевме и спиевме цели месец дена. Беше интересно, возбудливо, макотрпно, жестоко, напорно… И на крајот добивме производ на кој ние, продуцентот и издавачот сме многу горди и едвај чекаме да го претставиме за почеток во цела Србија и регионот, а подоцна зошто да не и во остатокот од Европа и Америка. Албумот е веќе претставен на радио станиците во Русија, Белгија и Велика Британија“, гордо истакнува оваа четворка од Врање.

Покрај физичкото издание, албумот е достапен и на сервиси како што се Амазон, Ајтјунс, Дизер, Спотифај, Јутјуб

 



Врати се горе ↑