Свет

19 јули, 2018

Карди Би со најмногу номинации за наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви

Сè попопуларната рап-ѕвезда Карди Би доби најмногу номинации за претстојното доделување на наградите за најдобри видеа на Ем-ти-ви (MTV VMA), кое ќе се одржи следниот месец во Њујорк. Имено, таа е во трка за дури десет статуетки, од кои пет се за соработката со Бруно Марс (Finesse), две за гостувањето во хитот на Џеј Ло – „Dinero, а тука се и номинациите за најдобар нов уметник и за уметник на годината.

Веднаш зад неа, со девет номинации е Бијонсе, од кои дури осум се за најавниот сингл од заедничкиот албум со сопругот Џеј Зи, „Apes**t“, а една за соработката со Еминем заWalk On WaterЏеј Зи е на третото место со 8 номинации, по седум номинации добија Дрејк и Чајлдиш Гамбино, во шест категории се натпреварува Бруно Марс, а Аријана Гранде и Камила Кабејо ќе се натпреваруваат за по пет статуетки.

Јубилејното, 35. по ред доделување на наградите за најдобри музички видеа на Ем-ти-ви ќе се одржи на 20 август во „Рејдио сити мјузик хол“ во Њујорк. Допрва ќе биде соопштено кој ќе ја добие улогата на водител на манифестацијата, како и кој ќе биде добитникот или добитничката на специјалната награда за животно достигнување „Мајкл Џексон видео вангард“. Комплетниот список со номинации погледнете го во продолжение.

 

Видео на годината
Аријана Гранде – „No Tears Left to Cry”
Бруно Марс – „Finesse (Remix)” со Карди Би
Камила Кабејо – Havana” со Јанг Таг
Картерови (Бијонсе и Џеј Зи) –APES**T”
Чајлдиш Гамбино – „This Is America
Дрејк – „God’s Plan”

Уметник на годината 
Aријана Гранде
Бруно Марс
Камила Кабејо
Карди Би
Дрејк
Пост Малоун

Песна на годината
Бруно Марс – „Finesse (Remix)“ со Карди Би
Камила Кабејо – „Havana” со Јанг Таг
Дрејк – „God’s Plan”
Дуа Липа – „New Rules”
Eд Ширан – „Perfect”
Пост Малоун – „rockstar” со „21 севиџ“

 

Најдобар нов уметник
Бази
Карди Би
Клои и Хејл
Хејли Кијоко
Лил Памп
Лил Узи Верт

Најдобра соработка
Биби Рекса и Флорида Џорџа Лајн – „Meant to Be”
Бруно Марс – „Finesse (Remix)” со Карди Би
Картерови – „APES**T”
Џенифер Лопез – „Dinero” со диџеј Калид и Карди Би
Лоџик – „1-800-273-8255” со Алесија Кара и Калид
Ен-И-Ар-Ди – „Lemon” со Ријана

Најдобро поп-видео
Аријана Гранде – „No Tears Left to Cry”
Камила Кабејо – „Havana” со Јанг Таг
Деми Ловато – „Sorry Not Sorry
Eд Ширан – „Perfect”
Пинк – „What About Us”
Шон Мендес – „In My Blood”

 

Најдобро хип-хоп видео
Карди Би – „Bartier Cardi” 
Картерови – „APES**T”
Дрејк – „God’s Plan”
Џеј Кол – „ATM”
Мигос – „Walk It Talk It” со Дрејк
Ники Минаж – „Chun-Li“

Најдобро денс-видео 
Авичи – „Lonely Together” со Рита Ора
Келвин Харис и Дуа Липа – „One Kiss“
Чејнсмоукерс – „Everybody Hates Me”
Дејвид Гета и Сиа – „Flames”
Маршмело – „Silence” со Калид
Зед и Лиам Пејн – „Get Low (Street Video)

Најдобро латино-видео
Деди Јенки – „Dura”
Џеј Балвин и Вили Вилијам – „Mi Gente”
Џенифер Лопез со диџеј Калид и Карди Би – „Dinero”
Луис Фонси и Деми Ловато – „Échame La Culpa”
Малума – „Felices los 4”
Шакира и Малума – „Chantaje”

 

Најдобро рок-видео
Фол-аут бој – „Champion”
Фу фајтерс – „The Sky Is A Neighborhood”
Имеџин дрегонс – „Whatever It Takes”
Линкин парк – „One More Light
Пеник ет д диско – „Say Amen (Saturday Night)”
30 секндс ту Марс – „Walk On Water”

Видео со порака 
Чајлдиш Гамбинo – „This Is America”
Дез Лоаф и Лион Бриџис – „Liberated”
Дрејк – „God’s Plan”
Џанел Моне – „PYNK”
Џеси Рејез – „Gatekeeper”
Лоџик со Алесија Кара и Калид – „1-800-273-8255” 

Најдобра кинематографија 
Aлесија Кара – „Growing Pains”
Аријана Гранде – „No Tears Left to Cry”
Картерови – „APES**T
Чајлдиш Гамбино – „This Is America”
Eминем и Ед Ширан – „River”
Шон Мендес – „In My Blood”

 

Најдобра режија
Картерови – „APES**T”
Чајлдиш Гамбино – „This Is America”
Дрејк – „God’s Plan”
Ед Ширан – „Perfect”
Џастин Тимберлејк и Крис Стејплтон – „Say Something”
Шон Мендес – „In My Blood”

Најдобра уметничка режија
Картерови – „APES**T
Чајлдиш Гамбино – „This Is America”
Џеј Кол – „ATM
Џанел Моне – „Make Me Feel”
Сиза – „The Weekend”
Tејлор Свифт – „Look What You Made Me Do”

Најдобри визуелни ефекти
Аријана Гранде – „No Tears Left to Cry”
Авичи и Рита Ора – „Lonely Together”
Еминем и Бијонсе – „Walk On Water”
Кендрик Ламар и Сиза – „All The Stars”
Марун 5 – „Wait”
Tејлор Свифт – „Look What You Made Me Do”

 

Најдобра кореографија
Бруно Марс и Карди Би – „Finesse (Remix)”
Камила Кабејо и Јанг Таг – „Havana” 
Картерови – „APES**T”
Чајлдиш Гамбино – „Тhis Is America”
Дуа Липа – „IDGAF”
Џастин Тимберлејк – „Filthy”

Најдобра монтажа
Бруно Марс и Карди Би – „Finesse (Remix)”
Картерови – „APES**T”
Чајлдиш Гамбино – „Тhis Is America”
Џанел Моне – „Make Me Feel”
Ен-И-Ар-Ди – „Lemon” со Ријана
Тејлор Свифт – „Look What You Made Me Do”



Врати се горе ↑