Свет

17 септември, 2018

Карди Би и Дрејк со најмногу номинации за американските музички награди

Карди Би и Дрејк собраа најмногу номинации за претстојните американски музички награди за 2018 година. Рап-ѕвездите се потенцијални добитници на по 8 статуетки, а веднаш зад нив, со по шест номинации се Ед Ширан и Пост Малоун, додека Тејлор Свифт и Камила Кабејо имаат по пет.

 

 

Домаќинка на 46. доделување на американските музички награди по вторпат ќе биде актерката Трејси Елис Рос, а манифестацијата е закажана за 10 октомври во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес. Номинираните во дел од поважните категории ве очекуваат во продолжение, а комплетниот список погледнете го овде.

Уметник на годината

Дрејк
Имеџин дрегонс
Пост Малоун
Eд Ширан
Tејлор Свифт

Нов уметник на годината

Камила Кабејо
Карди Би
Kалид
Дуа Липа
Екс-екс-екс-тентасион

 

Соработка на годината

Havana – Kамила Кабејо и Јанг Таг
Rock Star – Пост Малоун и 21 севиџ
Finesse – Бруно Марс и Карди Би
Meant to Be – Биби Рекса и Флорида Џорџа лајн
The Middle – Зед, Марен Морис и Греј

Омилено музичко видео

Havana – Камила Кабејо и Јанг Таг
Bodak Yellow (Money Moves) – Карди Би
God’s Plan – Дрејк

 

 



Врати се горе ↑