Видео

1 март, 2019

Карди Би и Бруно Марс го екранизираа дуетот „Please Me“

По огромниот успех на  ремиксот на „Finesse“, , Карди Би и Бруно Марс повторно ги здружија силите за нејзиниот нов сингл „Please Me“, кој се покажа како уште еден погодок за музичкото дуо. Со речиси 30 милиони преслушувања на Спотифај и преку 42 милиони прегледи на Јутјуб, „Please Me“ оваа недела дебитираше на 5. место на Билбордовата листа, а со новото видео овој успех сигурно ќе се зголеми.

Како што и се очекуваше, музичарите и овој пат нè почестија со разиграна екранизација, а Бруно, односно Питер Џин Хернандез ја покажа и својата латино-страна, обидувајќи се да ја заведе својата колешка со симпатичните мустачиња. Како изгледа сето тоа можете да видите во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑