Видео

27 октомври, 2018

Караоке во автомобил со Мајкл Бубле за борба против ракот

По кусото отсуство од музичката сцена, канадскиот пејач Мајкл Бубле се враќа со нов албум, од кој веќе се објавени две песни, меѓу кои и синглот „Love You Anymore“. Промовирајќи го материјалот од претстојното издание, тој гостуваше и во популарното „Караоке во автомобил“ на Џејмс Корден, кое имаше за цел и да ја поддржи кампањата за борба против ракот.

Имено, музичката пауза беше токму заради неговиот најстар син Ноа, кому на возраст од само 3 години му беше дијагностициран рак. Сега веќе 5-годишниот Ноа закрепнува од оваа тешка болест, па инспириран од поддршката на неговите обожаватели од целиот свет, Мајкл одлучи да им се заблагодари со нови песни заокружени со насловот „Љубов“.

За овие тешки искуства тој зборуваше и со Корден, а во 15-минутното возење во автомобил отпеа и дел од неговите најпознати хитови како што се „Haven’t Met You Yet“, „Everything“, „A Beautiful Day“ и „Home“. Новиот албум на Мајкл Бубле ќе пристигне на 16 ноември, а неговото гостување во „Караоке во автомобил“ ве очекува во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑