Настани d9f0ab63-b1dd-49ed-9512-adbd89758181

11 мај, 2015

„Капитал ситис“ и Рошин Марфи (Молоко) за уште посилна „Егзит авантура“

Кон богатата програма на овогодишната „Егзит авантура“ се придружуваат калифорниските хитмејкери „Капитал ситис“ (Capital Cities) кои ќе настапат на завршната ноќ за прослава на 15. роденден на „Егзит фестивал“, во недела на 12 јули, надополнета со огномет и фанфари на светскиот мегахит „Safe & Sound“! Со стотини милиони прегледи на „ЈуТјуб“ и една од најмногу стримуваните песни во изминатите три години, популарните „капиталци“ доаѓаат на Балканот во рамките на големата турнеја со која го промовираат, според мислењето на критиката, еден од најдобрите поп албуми во последниве неколку години, „In a Tidal Wave of a Mystery“, кој ги освои сите најважни светски топ листи. „Егзит авантурата“ потоа се сели на море каде што некогашната пејачка на славниот состав „Молоко“ и дивата на модерната музичка сцена Рошин Марфи (Roisin Murphy), ќе настапи во петок, 17 јули, на главната бина на фестивалот „Си денс“ на Јаз.

Ова ќе биде нејзин премиерен настап во Црна Гора, во рамките на светската турнеја на која го промовира новиот албум „Hairless Toys“. Актуелниот сопственик на титулата најдобар европски фетсивал до 40.000 луѓе дневно, „Си денс“ ќе се најде рамо до рамо со најзначајните фестивали кои оваа година ќе ја пречекаат Рошин, како што се „Берлин фестивал“, шпанскиот „Сонар“, британскиот „Ајл оф вајт“, белгискиот „Рок Верхтер“ и други. Истата вечер на омилената „Денс парадајс“ (Dance Paradise) бина, ќе настапи и поранешната пејачка на групата „Херкјулис енд лав афер“ (Hercules & Love Affair), њујоршката диџеј дама Ким Ен Фоксмен (Kim Ann Foxman), а во сабота, 18 јули, диџеј пултот ќе го преземат велемајсторот на миксот Џејмс Забиела (James Zabiela) и калифорнискиот хаус продуент Дурли (Doorly), инаку ремикс мајстор на најголемите ѕвезди како што се „Продиџи“ или Канје Вест.

 

„Капитал ситис“ (Capital Cities) е тандем од Лос Анџелес кој го сочинуваат Рајан Мерчант и Себу Симониан, некогашни автори на музика за џинглови, кои одлучиле талентот да го искористат за пишување на квалитетен авторски и многу модерен инди-поп звук. Планетарниот хит „Safe & Sound“ уште во 2011 година го освои првото место на американската топ листа, но дури во 2013 со светското издание на овој сингл и албум, „Капитал ситис“ ги освоија радио и телевизиските станици од исток до запад! Спотот за оваа песна беше трета среќа, односно трета по ред верзија, но токму таа ја донесе „Греми“ номинацијата и „Ем-ти-ви“ наградата за најдобро видео на годината. И покрај 200 милиони „ЈуТјуб“ прегледувања и дури неколку обработки, „Safe & Sound“ е и една од најбараните песни на сите времиња на сервисот „Шазам“, а по нејзините стапки појдоа и песните „Kangaroo Court“ и „One Minute More“.

 

Заедно со „Молоко“, Рошин Марфи (Roisin Murphy) важи за една од клучните фигури на музичката сцена во доцните 90-ти, со неприкосновените хитови и сега веќе музички класики „The Time is Now“, „Sing it Back“, „Familiar Feeling“ и „Forever More“. Паралелно ја започна и соло кариерата, а нејзините два албуми „Ruby Blue“ и „Overpowered“, ја етаблираа како икона на модерната поп култура. Исто како и на сцената, Рошин грациозно се движи и меѓу различните музички жанрови, но и меѓу улогите на пејачка, продуцент, дизајнер, модел и актерка. Подготвувајќи го третиот албум „Hairless Toys“, кој излегува на 11 мај, Рошин минатата година го објави и макси синглот „Mi Senti“ на кој во свој стил ги обработи славните италијански канцони. По оценките на светската музичка јавност, претстојната година сосема сигурно ќе биде во знак на музичката дива на 21. век, а нејзиниот настап на Јаз доаѓа во вистинскиот час.

Своите настапи на овогодишната Егзит Авантура, за едно од најсилните програмски изданија било кога, досега ги потврдија „Моторхед“Продиџи, Ману ЧаоРудименталФеитлес, Хардвел, Емели СандеСигма, Џон ЊуманКлин бандит, „Нојзија, Том Одел, Мартин ГариксГраматик“ ,Теил оф ас, Адам Бејер, Крис ЛибингИглс од дет металФир факториВилкинсон, „Зомбој, Рони Сајз РепразентБондакс“, „Напалм детДубиоза колектив“, „Октав уан, „Соул клап“ и повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Искористете ја најдобрата акција „4+1“, најдоцна до 25 мај!
Четиричленото друштво кое заедно ќе ги купува влезниците за „Егзит“, „Си денс“ или целата „Егзит“ авантура, петтата влезница ќе ја добие како подарок! Акцијата „4+1“ веќе е достапна во продажба преку мрежата на МКтикетс и во официјалното продажно место во Македонија, Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). Влезниците за „Егзит“ чинат 3.599 денари, за „Си денс“ чинат 2.550 денари, а за целата „Егзит“ авантура (Егзит + Си денс) само 4.299 денари. Во продажба веќе се пуштени и картите за организираниот автобуски превоз за „Егзит“ (Скопје – Нови Сад – Скопје) по цена од 2.990 денари, како и за целата „Егзит“ Авантура (Скопје – Нови Сад – Будва – Скопје) по цена од 4.990 денари.



Врати се горе ↑