Свет Kanye-West-001

28 октомври, 2014

Канје Вест понекогаш е во право

Иако Канје Вест најчесто е во центарот на вниманието со неговите испади или со неговата сопруга Ким Кардашијан, познатиот рапер умее да каже по нешто што не е потполно бесмислено. Во продолжение прочитајте 11 цитати кои се сосема на место.

1. За егото и уметноста:

„Луѓето ме прашуваат ’Зошто сакаш да го уништиш своето име?’ Но моето име не ми е толку важно колку што ми се моите идеи. Би можел да направам нешто што ќе биде сосема погрешно и што луѓето ќе го мразат, но на некој ќе му даде и одлична идеја која може да биде чекор напред за цивилизацијата.“

2. За дизајнот:

„Во компанијата ’Најки“ ми рекоа дека не можеле да ме спонзорираат оти не сум професионален спортист. Јас им реков дека одам во Гарден и играм еден на ниеден. Јас сум изведувачки спортист.“ 

3. За владата:

„Јас верувам дека утопија е возможна. Но нè водат најнеблагородните, најнедостоинствените, најнеодмерените, најглупавите и оние кои се најголеми политичари, така што јас во никој случај не сум политичар. Во најдобар случај, јас сум политички некоректен и многу директен.“

4. За прославите:

„Во моментот кога доживеав сообраќајна несреќа, сфатив дека во животот ништо не ни е ветено освен смртта. Ако веќе имаш можност да ја играш оваа игра наречена живот, мораш да го вреднуваш секој нејзин момент. Многу луѓе не го ценат моментот сè додека не помине. Па тогаш почнуваш да звучиш како Ал Банди со ’Се сеќавате ли кога јас…?’ Ова сега е мое време и мој момент благодарение на сите кои ми помогнале и планирам да прославувам! Планирам да славам и да врескам и да отворам шампањско во секоја можна пригода… Сите сакаа да знаат што ќе направев ако не ја освоев оваа Греми награда вечерва? Изгледа дека никогаш нема да дознаеме.“

 

5. За приспособувањето:

„Седев на состанок на кој еден човек буквално ми рече ’Се обидуваме да сфатиме како да те контролираме?’ На состанок! Мене в лице! Зошто би сакал да ме контролираш? Јас само сакам светот да биде подобар! Само сакам нешто позитивно! Само сакам да биде добро! Зошто некој би сакал да го контролира тоа?“

6. За тоа дека музиката денес звучи исто:

„Понекогаш како едноставно да нема добри идеи. И нема вистински идеи и ништо искрено не ни преостанало. И сè e толку хомогенизирано. Сето тоа е само работа, а нема креативност… Искрено, кога слушам радио помислувам дека ова повеќе не е местото на кое сакам да бидам.“

7. За неуспехот:

„Кога би пропаднало сè што сум се обидувал да направам (што инаку не се случило досега бидејќи вонглавно успевам), но и самиот факт што сум отворен за таа можност ми е инспирација. Луѓето толку многу се плашат од неуспех што не се ни обидуваат да направат нешто. Она што луѓето сигурно не можат да го кажат за мене е дека не се трудам, дека не се трудам најмногу што можам и дека не давам сè од себе.“

8. За „хејтањето“ (покажувањето омраза):

„Кога едно интервју ќе биде објавено онлајн или каде и да е, е важно и потоа, некако воопшто не е важно. Всушност, важни се луѓето кои ќе бидат допрени од овие зборови, а луѓето кои ќе се навредат – воопшто не сте важни, е***е се! Бидејќи поентата е да се мотивираат оние кои ќе направат нешто, а оние кои порадо би седеле и би хејтале трошат премногу време на тоа наместо да станат од своите столчиња и да ги остварат своите соништа.“

 

9. За партнерствата/соработките:

„Поентата е во изборот на способности кои ќе Ви дадат долговечност. Тоа, на пример, го сакам кај Џеј Зи, тој има долговечност. Тој и понатаму е на врвот на релевантноста заради начините на кои се движи, како комуницира со луѓето, неговите способности да не обрнува внимание на глупости и едноставно победува во животот. Тој е постер-дете за победа. А мислам дека јас сум постер-дете за борба и победа. Само што кај мене секогаш сте ја гледале таа борба, а кај Џеј Зи секогаш сте ја гледале победата.“

10. За семејството:

„Семејството е многу кул. Да си одиш дома секоја вечер кај една иста девојка е многу кул. Само да си дојдеш дома и да си играш на подот со своето дете е многу кул. Да не носиш кожна јакна, само да изгледаш како татко, тоа е навистина многу кул. Да имаш некого кого ќе можеш повторно да го наречеш ’мама’. Тоа е многу кул!“

 

11. За прекинувањето на говорот на Тејлор Свифт на наградите за музички видео записи на „Ем-ти-ви“:

„…Бидејќи и до овој проклет ден сè уште не сум погледнал подобар видео запис од оној на Бијонсе.“

 

 Извор: mic.com



Врати се горе ↑