20 март, 2015

Канје Вест одлучи ова да биде официјалниот видео запис за „All Day“

И покрај тоа што беше најавено дека видео записот за новиот хит на Канје Вест ќе го режира Стив Меквин, раперот сепак одлучи (првиот) официјален видео запис за темата „All Day“ да биде токму настапот на годинешното доделување на британските музички награди. Веста ја потврди и самиот Канје, кој на својот профил на Твитер напиша: „Решив ова да биде првиот официјален видео запис со Теофилус, Алан Кингдом и Пол Макартни“.

„All Day“ е вториот сингл од претстојното седмо студиско издание насловено „So Help Me God“, кое беше најавено со баладата Only One“.

 



Врати се горе ↑