Свет Kanye

9 април, 2013

Канје Вест обвинет за користење на семпл во „Gold Digger“

Според она што го пишува магазинот TMZ, Канје Вест е обвинет за користење на семпл во неговиот хит од 2005 година, песната „Gold Digger“, во кој му гостува колегата Џејми Фокс. Имено, спорен е вокалниот дел од песната каде што се пее „get down“ додека Канје рапува „Get down girl, go ‘head, get down“. Децата на пејачот Дејвид Прајор тврдат дека тоа е неговиот глас, преземен од песната „Bumpin’ Bus Stop“ од неговиот бенд Тандер & Лајтнинг, отпеана во 1974 година.

„Кога ќе составиш толку многу семплови како што тоа го прави Канје, сигурно ќе добиеш неколку обвиненија“ – пишува Idolator. Ова нема да биде прво обвинение за Вест, бидејќи во март минатата година Канје заедно со Џеј Зи ги „подмирија“ долговите за две песни во кои недозволено користеле семплови од постари хитови. Но, во овој случај, оштетените не сакаат компензација: тие наводно сакаат судот да ја запре продажбата на овој сингл, што е по малку апсурдно, со оглед на тоа што синглот е од 2005 година и денеска не е баш меѓу најбараните.

Како и да е, во продолжение слушнете ги двете песни и споредете сами дали станува збор за украден семпл. (Во првата песна, делот „get down“ е во 13-тата секунда)

 

 



Врати се горе ↑