Аудио Kanye-West-Lorde

12 ноември, 2014

Канје Вест направи ремикс на „Yellow Flicker Beat“ од Лорд

Како што е познато, младата музичарка Лорд работеше на саундтракот за новото продолжение на филмот „Игри на глад“ заедно со британскиот композитор и продуцент Пол Епворт, а веќе имавте можност да ја слушнете и да го погледнете видео записот за темата „Yellow Flicker Beat“. Токму оваа песна доби и ремикс верзија, а интересно е тоа што за оваа задача бил задолжен популарниот рапер Канје Вест.

Сигурно многумина очекуваат да го слушнат гласот на Вест, но покрај рапувањето, музичарот е мошне познат и како продуцент, односно самиот е задолжен за продукцијата на поголемиот дел од неговиот материјал. Oваа уникатна модификација на „Yellow Flicker Beat“, која го носи скратениот наслов „Flicker“, можете да ја слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑