17 април, 2015

Канје Вест меѓу највлијателните личности според „Тајм“

Списанието „Тајм“ ја објави долгоочекуваната листа на 100-те највлијателни личности – луѓе кои имале најголемо влијание врз општеството во изминатите година дена. Нa оваа листа се најдоа музичари, актери, политичари, па дури и некои неочекувани личности од поп културата.

По тој повод, следниот број на списанието ќе биде издаден со повеќе различни насловни страници, на кои се најдоа дел од највлијателните личности како што се Канје Вест, неговата сопруга Ким Кардашијан, актерите Кевин Харт, Ема Вотсон, Бредли Купер и многу други.

„Канје Вест би бил првата личност која ќе Ви каже дека припаѓа на оваа листа. Тој едноставно не верува во лажна скромност, а и не треба,“ вели „Тајм“ за него, а кусото интервју со познатиот рапер можете да го погледнете горе.

Видео и фотографија: Time.com

 



Врати се горе ↑