Свет kanye-west-paul-mccartney-0-600x360

22 август, 2014

Канје Вест и Пол Макартни заедно во студио?

Според тоа што го пишува порталот „The New York Post“, Канје Вест и Пол Макартни работат на заедничка песна, која би требало да го носи насловот „Piss On My Grave“. Иако е споменат само овој наслов, музичарите наводно работат на уште неколку заеднички песни. Дали оваа вест е вистинита ќе дознаеме наскоро, но познато е дека Пол веќе имал изјавено дека би сакал да работи со рапери како што се Џеј Зи или Канје.

72-годишниот музичар и поранешен член на легендарните Битлси во моментов е актуелен со неговиот шеснаесетти по ред студиски албум „New“, кој го промовира во рамките на светската турнеја насловена „Out There“, а 37-годишниот рапер веќе извесно време го подготвува наследникот на минатогодишниот албум „Yeezus“. Како продуценти на претстојното издание, кое би требало да се појави наесен, ќе се потпишат Рик Рубин и Кју-Тип, a во неодамнешно интервју за „Ролинг Стоун“, Вест изјавил дека веќе има една многу добра песна која ќе ја достигне популарноста и слушаноста на познатиот хит  „Niggas In Paris“.

 



Врати се горе ↑