Свет kanye-west

3 ноември, 2012

Канје Вест го промовира новиот филм

По стапките на некои од неговите колеги, раперот Канје Вест во мај го промовираше неговиот краток филм „Cruel Summer“, а наскоро следува и неговото, на некој начин, продолжение „Cruel Winter“. И двата филма се со исти наслови со саундтрак албумите за истите.

Деновиве беше промовиран трејлерот за вториот филм, кој воопшто не појаснува за што ќе се работи. Прикажан е само предел покриен со снег, а во позадина оди говорот на поранешниот претседател Џорџ В. Буш за „законот за нациите“ и „новиот светски поредок“, а потоа наеднаш се зацрнува екранот со пораката „НАСКОРО“. Без кастинг, без заплет, без ниту една сцена од Канје.

Иако не е кажано ништо конкретно, ова е повеќе од доволно за да нè заинтригира. И со оглед на тоа што претходниот филм вклучуваше крадци на автомобили, паралелни димензии и принцези, можеме да се обложиме дека ова продолжение ќе биде чудно и грандиозно на начин кој е само Канје може да го постигне. А сигурно ќе стане збор и за мистериозните „Илуминати“. Погледнете го трејлерот за „Суровата зима“.



Врати се горе ↑