Видео kanye-west_new-slaves-608x392

18 мај, 2013

Канје Вест го претстави новиот видео запис на необичен начин

Раперот Канје Вест го претстави новиот видео запис за песната „New Slaves“ на доста необичен и несекојдневен начин. Тој се одлучи да го направи тоа со проекција преку 66 згради ширум светот, а локациите и времето на емитување ги најави на неговата официјална веб страна. Помеѓу 66-те локации се најдоа и светските метрополи Њујорк, Мајами, Париз, Лондон, Сиднеј…

Оваа песна во која Канје остро ги коментира расите и комерцијализацијата, веројатно ќе се најде на неговиот нов албум „My Beautiful Dark Twisted Fantasy“, за кој се најавува дека ќе излезе на 18-ти јуни. Како изгледаше овој настан можете да погледнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑