Свет

12 август, 2016

Канје Вест го надмина Мајкл Џексон

Популарниот американски рапер Канје Вест официјално го собори рекордот на легендарниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон. Имено, музичарот го постигна својот 40. последовалетен хит меѓу најдобрите 40 на Билбордовата листа, а тоа го направи со гостувањето во песната на својот колега Скулбој Кју, „That Part“. Овој сингл успеа да се искачи од 42. на 40. место оваа недела, со што му помогна на Канје да ги надмине Мајкл Џексон и Френки Вали, кои на оваа листа биле присутни со по 39 хита.

 

На првото место сè уште е кралот на рок музиката, Елвис Пресли, со 80 синглови, на второто е Лил Вејн со 69, а на третото Елтон Џон со 57. Следни на листата се Дрејк со 53, Стиви Вондер со 46, Џеј Зи со 45, Џејмс Браун со 44, Крис Браун со 42 и Марвин Геј со 41. Со ова достигнување Канје го зазеде 10. место, исфрлајќи го својот најголем идол од листата.

giphy

wtfmichaeljacksongif31-vi



Врати се горе ↑