Аудио kw

9 јануари, 2016

Канје го најави новиот албум за 11 февруари

Популарниот американски музичар Канје Вест конечно го најави својот нов албум насловен „Swish“, кој ќе го наследи изданието „Yeezus“ од 2013 година, а ќе пристигне на 11 февруари годинава. Во меѓувреме Канје ги објави хитовите „Only One“ и „All Day“, соработката со Ријана и Пол Макартни за темата „FourFiveSecons“ и „Wolves“ со Сиа. Деновиве беа објавени и делови од две песни насловени „Real Friends“ и „No More Parties In LA“, кои можете да ги преслушате во продолжение.

 

За новото, седмо по ред студиско издание на Вест, сè уште не се познати многу детали, но се надеваме дека ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑