18 ноември, 2013

Канита Сума со само 13 години ќе го освојува Балканот

Неверојатно талентираната Канита Сума јавноста ја знае како девојчето кое што растури на минатогодишниот албански „X Factor“. 13-годишната Канита од Скопје ја воодушеви и публиката и жирито и уште еднаш потврди дека во Македонија се раѓаат златни грла. Иако не успеа да стигне до финалето на шоуто, само поради нејзините години, Канита е подготвена за следниот чекор во музичките води.

Нејзината прва песна е дело на композиторот Роберт Билбилов, со текст на Артина Феризи и за неа има две верзии – на англиски и на албански јазик. За двете песни се снимени и два видео записи за кои се погрижи „Горила Филм“ во режија на Владимир Дади Ивановски. Сето тоа благодарение на „OnАir Music Macedonia“. Балканската публика ќе има можност да ја чуе англиската верзија насловена како „No One Can Stop Me Now“, а видео записот за албанската верзија е веќе пуштен во етер од неодамна, а во него покрај врвната фотографија и квалитет се вметнати и многу визуелни ефекти и 3D анимации.

Англиската верзија можете да ја погледнете горе, а онаа на албански јазик насловена „Endrra Ime“ видете ја во продолжение.

 



Врати се горе ↑