Балкан kanita suma

22 април, 2015

Канита Сума од Скопје подготвува нова песна‏

Девојчето со ангелски глас, Канита Сума е подготвена да ви ја претстави својата најнова песна и видео запис кој е работен во германска продукција. Имено, младата скопјанка, која на само 13 години успеа да го воодушеви Балканот преку своето учество во албанскиот „Х фактор“, во јавноста ќе ја презентира својата втора песна која го носи насловот „Young & Reckless“ и видео записот кој е сниман во режија на германската продукција „Nals“.

Зад песната „Young & Reckless“ како комплетен автор се потпишува ценетиот Крис Балан. Канита Сума пред две години ја промовираше својата прва песна No One Can Stop Me“, со која и официјално ја започна својата музичка кариера. Песната имаше албанска и англиска верзија, а се снимаше во студиото на Роберт Билбилов, додека за видеозаписот се погрижи „Горила филм“ во режија на Владимир Дади Ивановски.

Како јавноста ќе ја прифати новата песна на девојчето кое го воодушеви целиот Балкан и уште еднаш потврди дека во Македонија се раѓаат пејачи со ангелски глас, останува да видиме по официјалната промоција.

 



Врати се горе ↑